Со повеќе од 15 милиони заразени, САД се на чекор до одобрување безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19.
Специјален панел од Администрацијата за храна и лекови денеска се среќава да разгледа дали ќе дозволи итно авторизирање на новата вакцината произведена од американскиот фармацевтски гигант Фајзер и германскиот БиоНтек.
Ако панелот препорача одобрување, веројатно ФДА ќе даде конечно, финално, одобрување утре или в сабота. Федералната влада веднаш ќе достави 6,4 милиони дози ширум САД, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во првите редови во справување со вирусот.
И американската армија ќе ги приоретизира здравствените работници.
Денешниот состанок доаѓа еден ден откако во САД беа регистрирани повеќе од 3000 смртни случаи од Ковид-19 во еден ден, за прв пат по речиси едногодишната пандемија.
Facebook Forum