Американските истражувачи велат дека експерименталната вакцина против коронавирусот покажала охрабрувачки резултатите во првата фаза од истражувањето.
Потенцијалната нова вакцина ја произведе американската биотехнолошка фирма Модерна, а ја развија научници и истражувачи од Националниот Центар за Алергија и инфективни болести. Во извештајот објавен во Журналот за медицина Нова Англија, се вели дека две експериментални дози од вакцината им се дадени на 45 волонтери, на возраст меѓу 18 и 55 години.
Истражувачите соопштија дека ниту еден од волонтерите не почувствувал странични ефекти од вакцината, но повеќе од половината јавија за блага главоболка, болки во мускулите и морници.
Резултатите од вакцината, прва врз луѓе, е дел од првичната фаза за тестирање на мали, средни и високи дози чија цел е креирање на имунолошка отпорност.
„Ова е прв чекор, но мошне значаен“, потврди д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести при Универзитетот Вандербилт во Нешвил, Тенеси.
Facebook Forum