Еден ден откако Британија стана првата земја која почна масовна вакцинација против Ковид-19, Обединетите Арапски Емирати објавија дека вакцината од кинеско потекло се покажала 86% ефикасна во спречување на умерени и тешки случаи на заразени.
Министерство за здравство на Емиратите објави вести за вакцината која ја развила кинеската држава фармацевтска компанија Синифарм. Оваа држава од Голфскиот залив учествувала во клиничко тестирање на Синофарм во септември, при што беа вклучени 31.000 волонтери од 125 држави во светот.
Обединетите Арапски Емирати одобрија итно вакцинирање од Синофарм, уште во септември.
Вакцината не покажала сериозни здравствени загрижености, но нема информации дали причинува странични ефекти, објавија од Емиратите.
Facebook Forum