Судија во Вашингтон издаде привремено запирање на планираната егзекуција на втор затвореник, закажана за неделава откако федералната влада продолжи со извршување на смртните казни.
Адвокатите на 68-годишниот Весли Ира Пуркли, аргументираа дека во моментов не е свесен за злосторството за кое доби смртна казна, зашто има историја на ментална болест и оти деменцијата предизвика влошувањето на неговото ментално здравје.
Пуркли беше осуден на смртна казна за убиството на тинејџер во сојузната држава Мисури во 1998-ма. Подоцна, се изјасни и за виновен за убиството на 80-годишна жена.
Денешното одложување на егзекуцијата на Пуркли доаѓа само еден ден откако Даниел Луис Ли стана првиот човек кој беше егзекутиран од федералната влада од 2003-та.
Facebook Forum