Линкови за пристапност

Мадуро ги обвини САД дека се закануваат со воена интервенција


Мадуро им се обрати на војниците во армиската база во покраината Зулиа.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека САД се закануваат со воена инвазија врз неговата земја.

Мадуро им се обрати на војниците во армиската база во покраината Зулиа.

„Под закана сме од американската империја, од претседателот Трамп. Тој рече дека е подготвен за армиска инвазија против Венецуела, но тоа ќе се случи само ако нема кој да ја брани земјата, ако нема повеќе патриоти, ако нема национална гарда“, им се обрати Мадуро на војниците.

Во обраќањето во Конгресот за состојбата во нацијата, претседателот Трамп се заложи за зголемување на притисокот врз Мадуро, истакнувајќи дека САД стојат зад граѓаните на Венецуела.

Досега 40 држави го поддржа преодниот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG