Линкови за пристапност

Помпео: Американските дипломати нема да го напуштат Каракас


САД го признаа Гуаидо за претседател на Венецуела

Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека американските дипломати нема да заминат од Венецуела, спротивставувајќи се на наредбата од претседателот Николас Мадуро да ја напуштат земјата во следните 72 часа.

Преку Твитер доцна синоќа, Помпео рече дека САД повеќе не го признаваат режимот на Мадуро како легитимен, и согласно на тоа, тој нема ингеренции да прекине дипломатски врски со една земја.

Помпео рече дека САД го признаваат лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо за преоден претседател.

И други држави, како Канада, Бразил, Аргентина, го признаа Гуаидо за претседател на Венецуела. Боливија, Мексико, Турција и Русија и натаму го признаат Мадуро за претседател на Венецуела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG