САД се повлекуваат од УНЕСКО, организација што ја обвинија за „анти-израелска“.
„Не беше лесна одлука. Ја одразува загриженоста на САД за потребата од фундаментални реформи и континуирано анти-израелски сентимент“, изјави Хедер Науерт, портпарол во Стејт департментот.
САД ја информирале генералната директорка за желбата да останат како земја-набљудувач со цел да придонесат во работата на организацијата.
Повлекувањето стапува во сила на 31-ви декември.
УНЕСКО изрази жалење за одлуката на САД.
САД ги прекинаа сите значителни буџетски придонеси во организацијата за заштита на културното наследство во знак на протест против одлуката за целосно членство на Палестинците.
Facebook Forum