Линкови за пристапност

САД: Отворени нови 4, 8 милиони работни места, невработеноста падна на 11, 1%


Бирото за статистика на пазарот на трудот објави дека има подобрување на стапката на невработеност на 11,1% во јуни, споредено со официјалните бројки во мај од 13,3%.

Американската економија надодаде 4,8 милиони работни места во јуни во време кога многу бизниси се обидуваат да се повратат по неколкумесечното затворање поради пандемијата со коронавирусот, објавија владини извештаи при што нови, 1,4 милиони отпуштени лица поднесоа барање за помош како невработени минатата недела.

Бирото за статистика на пазарот на трудот објави дека има подобрување на стапката на невработеност на 11,1% во јуни, споредено со официјалните бројки во мај од 13,3%. Но, податоците се од средината на јуни, пред да се појави новиот скок на позитивни случаи во сојузните држави коишто беа меѓу првите кои ги реотворија економиите.

Извештаите за растеж на пазарот на работна сила и невработеноста покажуваат дека најголемата економија во светот се наоѓа на крстопат – со делови од земјата кои манифестираат реотворање и неизвесност. Иако некои бизниси, ресторани, вежбални, повторно отворија, набрзо, мораа повторно да затворат, затоа што се појави драстичен скок со новозаразени од Ковид-19.

Претседателот Трамп во Белата куќа говори за подобрување на економијата
Претседателот Трамп во Белата куќа говори за подобрување на економијата

Претседателот Трамп кој се соочува со тежок натпревар за реизбор во ноември, против поранешниот потпретседател Џо Бајден, се осврна на растежот на работни места.

„Работниците се убедени дека ќе најдат работа“, рече тој. „Има раст на берзите. Тоа се бројки, што не би ги имал друг претседател“, оцени Трамп.

Пред почетокот на пандемијата, САД имаа најниска стапка на невработеност во последните 50 години од само 3,5%.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG