Линкови за пристапност

САД ги зголемуваат силите околу нафтените полиња во Сирија


US in Syria
US in Syria

„Сакаме да обезбедиме дека ИСИЛ нема пристап до ресурси што ќе им овозможат да се вратат во регионот, да извршат напади врз Европа, врз САД“, изјави Еспер.

САД ќе ги зголемат силите кои што се грижат за безбедноста на нафтените полиња и рафинериите во источна Сирија од Исламската држава, иако повеќето од војниците се повлечени од земјата.


„Преземаме одредени потези. Ги јакнеме позициите околу Деир ел Зоур, за да осигуриме дека ИСИЛ нема пристап до нафтените полиња“, изјави секретарот за одбрана Марк Еспер, користејќи акроним за групата. Тој зборуваше по серија средби со сојузниците на НАТО во Брисел.

„Сакаме да обезбедиме дека немаат пристап до ресурси што ќе им овозможат да се вратат во регионот, да извршат напади врз Европа, врз САД“, изјави Еспер.

САД ќе задржат 10.000 војници на специјалните армиски сили во североисточна Сирија, коишто ќе работат претежно со курдските демократски сили, како дел од напорите предводени до САД, за искоренување на Исламската држава.

Од ослободувањето на последната област која беше под контрола на ИСИЛ, САД и Сириските демократски сили се фокусирани на згаснување на изолираните терористички ќелии за да спречат ново будење на бунтовништво. Но, претходно, месецов, американскиот претседател Трамп нареди повлекување на американските сили пред да започне турската офанзива за „чистење“ на пограничниот регион од курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи.

„Нашите војници заминаа од Сирија и се враќаат дома“, напиша претседателот Трамп на Твитер.

Петочните соопштенија рефлектираат мешани пораки за американската политика во Сирија.

Во средата, во време кога го поздрави Договорот зад кој застанаа и САД, со цел да запре војувањето меѓу Турција, сојузник во НАТО од една страна, и курдските сили кои им помагаа на американските за време на војувањето против Исламската држава, Трамп рече дека САД „се повлекуваат од земјата“.

„Да оставиме друг да војува“, додавајќи дека САД ги обезбедиле нафтените полиња“, пред да одлучат што да се прави со нив во иднина“, рече Трамп.

Во серија твитови, Трамп ја подвлече важноста на нафтените полиња.

„Никогаш нема да им дозволиме на ИСИЛ да ја повратат контролата врз нафтените полиња. Веројатно е време Курдите сами да се грижат за нив“, изјави Трамп.

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1187389630271934464?s=20 ]]

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1187395521805275137?s=20 ]]

Запрашан за американската стратегија во Сирија, секретарот за одбрана Еспер рече дека е конзистентна.

„Секогаш се работеше за пораз на коалицијата на ИСИС. Се преземаа специфични мерки за намалување на нафтените полиња, но и да им се спречи пристап на ИСИЛ во тие ресурси“, изјави тој.

Исламската држава ја презема контролата врз источните сириски нафтени полиња во 2014-та, и ги држеше се до 2016-та. Аналитичарите проценуваат дека терористичката група од нив заработила околу 750 милиони од продажба.

Официјални лица и аналитичари се сомневаат дека Исламската држава, која се реорганизираше во бунтовништво, ќе ја искористи шансата и ќе ја преземе контролата врз нафтените полиња, но предупредија дека може да најдат начини да ја ги искористат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG