Линкови за пристапност

Белата куќа објави дека операциите од аеродромот во Кабул се одвиваат непречено


Сведоци јавија за неколку напади со проектили, додека американски официјален претставник за Ројтерс изјави дека биле пресретнати од одбранбен систем против проектили.

Белата куќа објави дека операциите денеска “продолжуваат непречено“ на аеродромот во Кабул по ракетниот напад.

Сведоци јавија за неколку напади со проектили, додека американски официјален претставник за Ројтерс изјави дека биле пресретнати од одбранбен систем против проектили.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во соопштение изнесе дека претседателот Бајден бил брифиран за нападот и „ги потврдил наредбите до командантите да се удвојат напорите за приоретизирање на неопходните мерки за заштита на трупите на теренот“.

САД работат кон целосно комплетирање на евакуации од Кабул до рокот – утре навечер, и покрај влошувањето на безбедносната состојба која вклучува самоубиствен бомбашки напад пред аеродромот во Кабул кога загинаа 169 Авганистанци и 13 припадници на американските вооружени сили.

Досега се евакуирани околу 120.000 луѓе од Кабул од крајот на јули, според Белата куќа.

„Ова е најопасно време во особено тешка мисија, која е при самиот крај“, потенцираше државниот секретар Антони Блинкен за Еј-Би-Си.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG