Линкови за пристапност

САД им оддадоа почит на „хероите“ од протестите на плоштадот Тјенанмен на 30-тата годишнина


Државниот секретар Помпео рече дека се инспирација за идни генерации

САД ги поздравија хероите од кинескиот народ, кои што „храбро застанаа против насилно згаснување на гласот на дисидентите на Плоштадот Тјенанмен и масакрот пред 30 години“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во соопштение објави дека стотици илјади лица кои што беа убиени од војници и прегазени со тенкови за време на протестите на 4-ти јуни, 1989-та, служеле како „инспирација за идните генерации коишто повикаа за слобода и демократија ширум светот, почнувајќи со Падот на Берлинскиот ѕид и крајот на комунизмот во Источна Европа и во месеците коишто следеа“.

Првиот американски дипломат рече дека “настаните пред 30 години се уште се дел нашата совест“. Го повика Пекинг, да го објави бројот на убиени или исчезнати лица од Плоштадот Тјенанмен пред три децении за да можат семејствата на жртвите да го затворат мрачното поглавје од историјата“. Според него, прв чекор би бил демонстрирање спремност од Комунистичката партија во Пекинг да ги почитува основните човекови права и слободи.

Тој рече дека 30 години по емитувањето на немилите настани преку телевизија ширум светот, САД се надеваат дека интеграцијата на Кина во меѓународниот систем ќе води кон поотворено, толерантно општество“.

Кинеската влада на 4-ти јуни 1989-та, со војници и текови уби стотици демонстранти, веројатно повеќе од 1000 лица, иако точната бројка на загинати и натаму е непозната.

Дискусиите за згаснување на демонстрации и натаму е табу-тема во Кина, а властите и натаму вршат притисоци врз активисти, адвокати и новинари, секоја година, како што наближува годишнината на настаните од 1989-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG