Директорот на Централаната разузнавачка агенција – ЦИА, Дејвид Петреус, истакна дека Ал Каида на Арапскиот Полуостров во моментов претставува најсериозна терористичка закана за САД.
Петреус ова го изјави за време на распит во Конгресот на кој се вршеше евалуација на американските напори за контратероризам по терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001-та.
Првиот човек на ЦИА истакна дека додака е забележано ослабување на способностите на Ал Каида во Јужна Азија, нејзините ограноци во други области, особено на Арапскиот Полуостров, се посилни и поспособни за извршување на напади. Петреус додаде дека Ал Каида на Арапскиот Полуостров веќе имала два неуспешни напада во САД изминативе две години.
За време на одвоен распит, директорот на Еф-Би-Ај Роберт Мулер, рече дека како дополнение на Ал Каида на Арапскиот Полуостров, таканаречените „домашни“ насилни екстремисти се меѓу најсериозната закана за американската безбедност. Тој подвлече дека терористичките групи и нивните пораки објавувани на Интернет ги инспирираат и ги информираат идните терористи за тоа како да изведат напад.