Линкови за пристапност

Усвоен закон за унапредување на врските САД-Тајван


Пекинг незадоволен, за Тајпеи значи продлабочување на соработката

Законот за промовирање поблиски дипломатски и бизнис-врски меѓу САД и Тајван треба да го добие финалниот потпис од претседателот Трамп.

Американскиот сенат го одобри Актот за патување во Тајван со огромно мнозинство, а сличе исход имаше и во Претставничкиот дом во јануари.

Легислативата отвора можност за официјални лица од сите нивоа да патуваат кон и од двете држави и да се среќаваат со своите колеги. Исто така ги охрабрува тајванските економски и културни претставници да вршат бизнис во САД.

Законот ја налути Кина која поднесе протесна нота до Вашингтон. Министерството за надворешни работи во Пекинг изрази големо незадоволство за законот, кој, како што кажа, целосно задира во политиката „една Кина“, според која Тајван е дел од оваа држава.

Тајванската претседателка Цај Инг- вен го поздрави усвојувањето на законот и оцени дека ја симболизира долгодишната соработка со Тајван.

Таа оцени дека партнерството меѓу САД и Тајван, е клучно за мирот и стабилноста во индо-пацифичкиот регион.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG