Линкови за пристапност

САД: Аспирациите на Пекинг во Јужното кинеско море се „целосно незаконски“


Некои експерти за Гласот на Америка велат дека ова е прв пат Вашингтон, експлицитно да ја поддржи содржината на одлуката од Арбитражниот суд во Хаг пред четири години.

САД сметаат дека амбициите на Кина во делови од Јужното кинеско море се „целосно нелегални“ во време кога Пекинг спроведува кампања за наметнување контрола со манифестирање сила во тоа подрачје.

Некои експерти за Гласот на Америка велат дека ова е прв пат Вашингтон, експлицитно да ја поддржи содржината на одлуката од Арбитражниот суд во Хаг пред четири години.

Кина нема правна основа унилатерално да ги наметнува интересите во регионот.
Мајк Помпео


„Кина нема правна основа унилатерално да ги наметнува интересите во регионот“ изјави државниот секретар Мајк Помпео во соопштение. https://www.state.gov/u-s-position-on-maritime-claims-in-the-south-china-sea

Пекинг не понуди правни аргументи за проектот “Nine-Dash Line” во Јужното кинеско море, откако формално го најави во 2009-та, изјави Помпео.

Кина е во судир со Брунеите, Малезија, Тајван, Виетнам, Индонезија и Филипините за делови од 3,5 милиони квадратни километри во Јужното кинеско море.

Кина го користи терминот “nine-dash line” од претходните поморски времиња за нејзината аспирација дека 90% од водната површина ѝ припаѓа на неа, подрачје богато со рибен фонд и подводни резерви со фосилно гориво.

Постојниот арбитражен суд во Хаг во 2016-та го отфрли тврдењето на Кина за контрола на поморската област и оцени дека не е во согласност со меѓународното право. Кина ја отфрли одлуката од Судот во Хаг.

Додека САД секогаш го поддржуваат меѓународниот закон во Јужното кинеско море и ја поддржуваат одлуката на Хаг во 2016-та како конечна и правно издржана, експерти наведуваат дека Стејт департментот оди чекор понатаму со што конкретно критикува незаконски престапи од Кина, согласно одлуката од 2016-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG