Јужна Кореја најави дека претседателот Мун Џае ин ќе патува за САД следниот месец на самит со претседателот Трамп. Главна тема ќе биде ќорсокакот со Северна Кореја околу нуклеарните преговори и можноста за продолжување на разговорите.
Ова ќе биде прва средба откако вториот самит на Трамп со северкорејскиот лидер Ким Јонг ун во Виетнам минатиот месец заврши без успех поради несогласувања околу американските санкции врз Северна Кореја.
Северна Кореја неодамна се закани дека ќе излезе од преговорите за нејзиниот нуклеарен арсенал.
Канцеларијата на јужнокорејскиот претседател потврди дека ќе ги посети САД на 10 и 11 април.