Линкови за пристапност

Трамп: Нема да отстапам за ѕидот

President Donald Trump speaks at the American Farm Bureau Federation convention in New Orleans, Jan. 14, 2019.
President Donald Trump speaks at the American Farm Bureau Federation convention in New Orleans, Jan. 14, 2019.

Беспилотни летала и сензори не се соодветна мерка за граничната безбедност, рече Трамп и додаде дека „челична или бетонска бариера“ може да ги спречи илегалните имигранти да влезат во САД.

Иако мнозинството Американци го обвинуваат американскиот претседател за пролонгирањето на делумното владино затворање, Доналд Трамп пред фармерите истакна дека опозиционите демократите во Конгресот се подеднакво одговорни за ќорсокакот.

President Donald Trump talks with reporters on the South Lawn of the White House before departing for the American Farm Bureau Federation's 100th Annual Convention in New Orleans, Jan. 14, 2019, in Washington.

„Тие не ги одобруваат мерките што ни се потребни за безбедност на Америка“, изјави Трамп на националната конвенција на фармери во Њу Орлеанс, каде го бранеше барањето за милијарди долари за пограничен ѕид со Мексико.

Беспилотни летала и сензори не се соодветна мерка за граничната безбедност, рече Трамп и додаде дека „челична или бетонска бариера“ може да ги спречи илегалните имигранти да влезат во САД.

„Никогаш нема да се повлечам од обидот да ја направам Америка побезбедна“, изјави претседателот и наиде на овации за време на говорот на 100-та годишна конвенција на американските Фармери.

Тој ги обвини Демократите дека одбиваат да одделат пари за Ѕидот зашто сакаат да го користат како прашање за време на претседателската кампања следната година кога Трамп се соочува со реизбор.

Шест поголеми анкети индицираа дека половина или повеќето Американците го сметаат претседателот и Републиканската партија одговорни за делумното владино затворање. И 63 отсто американски гласачи ги поддржуваат демократските предлози за отворање на делови од владата коишто не се поврзани со пограничната безбедност додека продолжуваат преговорите за ѕидот, според истражувањето на Универзитетот Квинипег.

Претходно, Трамп од Белата куќа порача дека барем засега нема објави вонредна национална состојба за да го гради ѕидот.

800.000 федерални работници се дома или работат без плата, додека владата е делумно затворена, што трае веќе 25 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG