САД објавија декласифициран разузнавачки извештај во кој се посочува моќниот саудиски принц Мохамед бин Салман за одобрување на ужасното убиство на саудискиот дисидент и новинар на Вашингтон пост, Џамал Кашоги во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Турција.
Кашоги последен пат беше виден како влегува во Генералниот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври 2018-та, и потоа е убиен од оперативци, на принцот. Негово тело беше исечено на парчиња, ѝ никогаш не беа пронајдени посмртните останки. Официјален Ријад евентуално призна дека Кашоги бил убиен по грешка, во како што беше опишана, некоординирана акција, но негираше учество на саудискиот принц.
Улогата на саудискиот принц, честопати именуван само по неговите иницијали, „МБС“ во смртта на Кашоги, беше тема на многу медиумски извештаи на крајот од 2008-ма.
Директорката на американското национално разузнавање Аврил Хејнс, изјави во соопштение денеска дека извештајот и бил координиран меѓу „разузнавачката заедница и информација која била декласифицирана до најголем можен стадиум, за да се заштитат изворите на информации и методите како е стасано до нив“.
Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со саудискиот крал Салман. Белата куќа објави дека Бајден и Салман разговарале за „регионалната безбедност, вклучувајќи и обновување на дипломатските напори предводени од САД и од ОН за ставање крај на војната во Јемен, како и американската заложба за поддршка на Саудиска Арабија да ја брани својата територија од нападите на милитантните групи поддржани од Иран.
Во соопштението од Белата куќа, не се споменува дека во разговорите споменат последниот извештај за Кашоги.
Facebook Forum