Европските лидери се согласија да ги продолжат санкциите против Русија за припојувањето на Крим во 2014-та од Украина. Во денешното соопштение се вели дека санкциите се продолжени зо шест месеци.
Лидерите на ЕУ ја донесоа одлуката откако имаат „мошне куса дискусија за Украина“.
САД во меѓувреме имаат санкции воведено санкции врз Русија поради припојувањето на Крим.
Американската разузнавачка заедница исто така усвои заклучок дека Русија се мешала во претседателските избори во САД во 2016-та, со цел да му помогнат на претседателот Трамп да победи во трката за Белата куќа.
Во меѓувреме, е обелоденет датумот за првиот формален самит меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. Средбата е закажана за 16-ти јули во главниот фински град Хелсинки.
Facebook Forum