Линкови за пристапност

Росенстајн: Долга е раката на американската правда


За можноста да се гонат странски агенти

Виш американски претставник кој ја надгледува истрагата за руското мешање во изборите во САД во 2016-та, ја бранеше праксата за гонење странски агенти кои можеби никогаш нема да се најдат во американска судница.

Зборувајќи на безбедносен форум во Колорадо заменик - главниот правобранител Род Росенстајн, истакна дека не треба да се потцени должината на раката на правдата од САД.

„Има многу луѓе кои сметаат дека се безбедни поради заштитата од странските влади кога ќе извршат криминални дела против Америка, но подоцна ќе се најдат во американски затвори. Второ, јавното покренување обвиненија, го принудува да патуваат до една во друга држава, и да бидат земени за одговорност за идни „кибернетски престапи“, изјави Росенстајн.

Пред една недела, Росенстајн најави дека специјалниот советник Роберт Мулер покрена обвиненија против десетина руски државјани, обвинети за руското мешање во изборите во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG