Линкови за пристапност

Белата куќа најостро го осуди нападот во џамија во Нов Зеланд: „грозоморен акт на омраза“


Потпретседателот Мајк Пенс изрази порака со сличен тон преку Твитер и најсилно ги осуди нападите врз верници.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство и понуди помош за жителите на Нов Зеланд по смртоносните напади врз две џамии во Крајстчрч, окарактеризирајќи го како „ужасен масакр“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1106520743855251456 ))

Потпретседателот Мајк Пенс изрази порака со сличен тон преку Твитер и најсилно ги осуди нападите врз верници.

(( https://twitter.com/VP/status/1106548064716812289 ))

Во соопштение, Белата куќа, „најостро го осуди“ нападот и го означи како „грозоморен акт на омраза“

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон го означи нападот како „најверојатен терористички напад“ и „криминален акт на омраза“. Болтон рече дека САД се во контакт со властите во Нов Зеланд и со амбасадата во Велингтон и го следат одблизу развојот на настаните.

За време на петочниот брифинг во Стејт департментот, државниот секретар Мајк Помпео рече дека Вашингтон го осудува напади и изрази сочувство од името на американскиот народ.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио рече дека е зголемено полициското присуство околу џамиите во градот, иако нема „специфични и конкретни закани“.

(( https://twitter.com/NYCMayor/status/1106535311910281216 ))

Демократскиот сенатор од Вермонт Берни Сандерс ги повика граѓаните да се обединат во осудата на „сите форми на омраза и насилство“ и рече дека никој не треба да стравува за животот поради религиозните убедувања.

https://twitter.com/BernieSanders/status/1106531268789972992 ))

И републиканците од Претставничкиот дом преку Твитер го осудија нападот и повикаа на солидарност.

(( https://twitter.com/RepPeteKing/status/1106539192639725573 ))

Едно лице е обвинето за убиство и поврзаност со терористичките напади врз две џамии во Нов Зеланд при што беа убиени најмалку 49 лица.

Новозеландската телевизија го идентификуваше напаѓачот како 28 годишниот Брентон Тарант од Графтон, Нов Сужен Велс, Австралија. Австралиски официјални лица потврди декја е австралиските државјанин.

Четворица, три мажи и една жена се уапсени. Засега нема информации дека биле на листа на терористи кои биле следени.

Сите убиени биле во џамиите. Меѓу нив има и деца. Полицијата соопшти дека голем број на автоматско оружје било пронајдено околу маскарот.

Полицијата ги повика граѓаните да ги избегнуваат сите џамиите во Нов Зеланд. Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Арден оцени дека „денешниот ден е еден од најтемните во историјата на земјата“.

Таа изрази жалење дека сите кои се директно погодени од нападите можеби се емигранти кои што дошле во Нов Зеланд за подобар живот.

Нивото од закани од терористички напади е кренато на највисоко во Крајсчрч, Нов Зеланд

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG