Линкови за пристапност

Ромни и Пол засега во водство


Ромни и Пол засега во водство
Ромни и Пол засега во водство

Најголемо изненадување е Рик Санторум, кој се искачи на третото место, речиси тројно зголемувајќи ја поддршката.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни е повторно на врвот, а веднаш за него конгресменот од Тексас Рон Пол.

Вака покажува последната анкета за републиканските претседателски претенденти пред почетокот на прелиминарните партиски избори по сојузни држави.

Најголемо изненадување е Рик Санторум, кој се искачи на третото место, речиси тројно зголемувајќи ја поддршката.

Во Њу Хемшир, втората сојузна држава каде ќе се одржат прелиминарните партиски избори, Ромни има силно водство, со поддршка на 44 проценти од потенцијалните гласачи, а на второ место е Пол.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич во моментов е со опаднат рејтинг. Тој е четврти во Ајова и на трето место во Њу Хемшир.

XS
SM
MD
LG