Линкови за пристапност

Анкета: 49% со негативен став за Обама


Анкета: 49% со негативен став за Обама
Анкета: 49% со негативен став за Обама

Утеха можеби тоа што главниот републикански претендент Гингрич има уште помал рејтинг во истото испитување.

Негативното расположение кон американскиот претседател Барак Обама достигна рекордно високо ниво во најновата анкета на вестите на ТВ-мрежата АБЦ и весникот Вашингтон пост. 49% од испитаниците гледаат неповолно на Обама, а 48% поволно.

Претседателот самиот признава дека реизборот наредната година не е гарантиран. „Ќе треба да се борам за тоа. Нема да биде туку-така лесно“, изјави Обама.

Па сепак, Обама има подобар рејтинг од поранешниот претседател на Претставничкиот дом и водечки републикански кандидат за претседателските избори Њут Гингрич. 48% од испитаниците во истата анкета гледаат негативно на Гингрич, но само 35% позитивно.

Во други анкети неделава, Гингрич има значително водство пред останатите републикански претенденти за претседател. Испитувањето на весникот Вол Стрит џурнал и вестите на ТВ-мрежата НБЦ му дава предност од 17% пред поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни.

XS
SM
MD
LG