Линкови за пристапност

Обама: Специјалните врски САД - Велика Британија се „издржливи“


Претседателот на САД рече дека неговата земја ќе ја почитува одлуката на британските граѓани

„Граѓаните на Велика Британија се изјаснија. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука“, рече американскиот претседател Барак Обама во првичната реакција по повод исходот на референдумот во Британија за излез од ЕУ. Тој додаде дека „специјалните врски“ меѓу САД и Британија се „издржливи“ и оти членството во НАТО останува витална основа за американската надворешна, безбедноста и економска политика“. Обама рече дека повеќе ќе коментира откако ќе има шанса да разговара со британскиот премиер Камерон.

Зборувајќи за време на посетата во Ирска, потпретседателот Џо Бајден рече дека преферирал поинаков исход од гласањето, но рече дека САД ќе ја почитуваат волјата на британските граѓани.

XS
SM
MD
LG