Линкови за пристапност

Разградена последната американска „мега бомба“


Разградена последната американска „мега бомба“
Разградена последната американска „мега бомба“

САД во вторник ја разградија и последната нуклеарна бомба од типот Б-53 од ерата на Студената војна, со што беше ставен крај на најмоќното парче оружје во американскиот нуклеарен арсенал.

Со големина на мини-комбе и тешка 4.500 килограми, оваа бомба била дизајнирана да уништува подземни објекти и тоа преку испраќање на бранови длабоко под земјината површина. Американската федерација на научници проценува дека Б-53 била 600 пати помоќна од првата нуклеарна бомба исфрлена во Хирошима, Јапонија, за време на Втората светска војна.

Американските власти започнаа со уништување на нуклеарните бомби во 1980-те години, пред официјално да престанат да ги произведуваат бомбите од типот Б-53 во 1997-та.

Церемонмијата по повод актот, што се одржа во Амарило, сојузната држава Тексас, е дел од целта на претседателот Барак Обама за намалување на улогата на нуклеарното оружје во американскиот арсенал.

XS
SM
MD
LG