Линкови за пристапност

Работна група предложи да се ограничи шпионирањето на НСА


Сега претседателот Обама и неговиот тим за национална безбедност треба да одлучат кои препораки да се применат

Работна група, составена од лица надвор од владата, предложи претседателот Барак Обама да направи широк опсег на промени во владините програми за следење на податоци.

Извештајот има 46 одделни препораки и беше објавен синоќа, откако Обама се сретна со членовите на групата. Претставници на Белата куќа наведуваат дека претседателот и неговиот тим за национална безбедност ќе го проучат документот и ќе одлучат кои препораки треба да се применат.

Документот предлага ограничувања за собирањето на телефонски и Интернет- метаподатоци, како и реформа на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Во јавноста се јавија жестоки реакции против владините разузнавачки програми откако Едвард Сноуден, поранешниот работник под договор на НСА, до медиумите достави информации за програмите за шпионирање на Агенцијата.

Еден од предлозите на работната група е Обама да назначи цивилно лице за директор на НСА откако наредната година од таа функција ќе замине генералот Кит Александер. Групата смета дека за оваа позиција е потребна и потврда од Сенатот.

На чело на НСА досега немало цивилно лице.
XS
SM
MD
LG