Линкови за пристапност

Можен Самит меѓу САД, Јужна и Северна Кореја


Разговорите би биле за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин изјави дека трипартитниот самит со Северна Кореја и САД е можен и разговорите треба да бидат насочени кон ставање крај на нуклеарните закани на Корејскиот полуостров.

Оценките на Мун уследија по средбата за договарање на деталите за Самитот во Сеул.

„Самитот САД - Северна Кореја ќе биде историски настан по претходното завршување на меѓукорејскиот Самит. Во зависност од локацијата, ќе биде уште подраматичен. Ако има напредок, може да води кон Самит меѓу САД, Јужна и Северна Кореја“, изјави првиот човек на Јужна Кореја.

Мун планира да се сретне со северкорејскиот лидер Ким Јонг Ун следниот месец.

И американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун на крајот од мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG