САД изразија нова подготвеност за разговори со Северна Кореја, но се` уште е тешко да се најде мирољубиво решение за нуклеарната криза на Корејскиот Полуостров во блиска иднина.
Државниот секретар Рекс Тилерсон, рече дека има намера да го држи отворени „каналите за комуникација“ со Северна Кореја, и очекува индикација дека Ким Јонг Ун е подготвен за разговори.
Промената на тонот од администрацијата на претседателот Трамп кон поддршка за безусловени разговори со Пјонгјанг и намалување на заканите за превентивни воени удари врз Северна Кореја, доаѓа како одговор на успешните преговори на јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин за заедничко учество на двете Кореи на Олимписки игри.
Договорот со Северна Кореја да учествува на Олимпијадата во Пјонгченг заедно со Јужна Кореја, барем привремено ги забави напорите за развивање интерконтинетални балистички проектили што би имале дострел до САД. И Вашингтон придонесе за намалување на напнатоста со одложување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја се` до завршувањето на Зимските олимписки игри.
Вршителката на должноста заменичка-државна секретарка за Источна Азија и Пацификот Сузан Тортон, минатата недела за време на нејзиното потврдување на функцијата во Сенатот, рече дека САД немаат воена стратегија од превентивни напади таканаречен „крвав нос“, и оти бараат дипломатско решение за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.
Таа сепак подвлече дека САД „ќе ја постигнат целта, на еден или друг начин“.
Facebook Forum