Линкови за пристапност

Помпео се среќава со виш севернокорејски претставник во Њујорк


Ким и американскиот претседател Трамп потпишаа договор на самитот во јуни да го направат Корејскиот полуостров ослободен од нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе се сретне со виш официјален претставник од Пјонгјанг.

Стејт департментот издаде соопштение дека Помпео и Ким Јонг Чол, виш советник на претседателот Ким Јонг Ун ќе дискутираат за напредокот на сите четири столба од заедничкото соопштение од Самитот во Сингапур, вклучувајќи и постигнување на конечна, целосна верификација, на денуклеаризацијата на Северна Кореја.

Ким и американскиот претседател Трамп потпишаа договор на самитот во јуни да го направат Корејскиот полуостров ослободен од нуклеарно оружје, но двете страни имаат различни видувања за темпото на напорите на Пјонгјанг да стави крај на програмата за нуклеарно оружје.

Северна Кореја предупреди минатата недела дека ќе ја преразгледа програмата за нуклеарно оружје, ако САД не ги укинат економските санкции против режимот. Исто така Пјонгјанг бара мировна спогодба со САД и со Јужна Кореја со која формално ќе биде ставен крај на Корејската војна 1950-53-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG