Линкови за пристапност

Амбасадорката на САД во НАТО: Северна Македонија наскоро 30-та членка, Вашингтон еден од најголемите поддржувачи


Амбасадорката на САД во НАТО за перспективата на Северна Македонија, како дел од Алијансата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Амбасадорката на САД во НАТО за перспективата на Северна Македонија, како дел од Алијансата

„Македонија се наоѓа во важна географска област, и го заокружува кругот во долниот дел на НАТО. Сакаме да соработуваме со Македонија во делот на реформи, и задоволни сме од досегашниот степен на демократски стандарди, но и во делот на владеење на правото во земјата“, изјави Амбасадорката на САД во НАТО, при што ја истакна храброста на македонските лидери да најдат решение со Грција и земјата да стане членка во НАТО, откако и последната пречка, шпанската влада, ќе го ратификува Протоколот. Вели, ангажманот на САД на Балканот ќе продолжи.

„Особено поради руското непријателско влијание кога требаше да се гласа за членство на Македонија во НАТО, но македонскиот народ беше храбар и избра иднина во Алијансата. Ние се справуваме со кибернетски напади од Русија, но Северна Македонија наскоро ќе биде 30-та членка на НАТО, а САД се едни од најголемите поддржувачи на земјата“, изјави Хачисон.

Според Амбасадорката, европските партнери се повеќе се наметнуваат во НАТО, и го зголемуваат придонесот во заедничкиот одбранбен буџет покрај заложбите од претседателот Трамп. „Алијансата сега е уште посилна. Сега сме 30-членки, со еден глас, за демократија, човекови права, владеење на правото. Безбедносниот чадор ќе овозможи поголеми економски можности за сите членки, изјави Хачисон.

„Најголеми закани за НАТО денес се тероризмот и руската агресија. Сакаме да ја одвратиме Русија да не зазема суверени територии, како што го сторија тоа во Украина и во Грузија. Сакаме Русија да биде партнер, но не може да заземаат други територии и да велат дека почитуваат норми на цивилизирано општество“, истакна амбасадорката на САД во НАТО.

Поранешната сенаторка од Тексас рече дека САД и сојузниците во НАТО секогаш ќе стојат зад демократијата и со нетрпение го очекуваат влезот на 30-та членка – Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG