Линкови за пристапност

Се судрија американски воени авиони, петмина маринци исчезнати


Петмина маринци се водат за исчезнати откако воен авион и летечки танкер од американската авијација утрово се судриле и се урнале во Тихиот океан во близина на југоисточниот брег на Јапонија.

Според соопштението од армијата, се судриле борбен авион Ф/А-18 со екипаж од двајца пилоти и авион од моделот КC-130 што служи за дополнување гориво, а во кој имало екипаж од петмина.

Двата авиона биле на рутинска тренинг мисија за полнење гориво во воздух. Како што јави јапонското министерство за одбрана, судирот се случил на 100 километри од островот Шикоку.

Според информациите од министерството, во спасувачката операција што била покрената набргу после несреќата, биле пронајдени двајца пилоти. Едниот од нив бил од борениот авион и се наоѓа во стабилна состојба. За вториот пронајден нема дополнителни информации.

Потрагата по другите исчезнати продолжува.

XS
SM
MD
LG