Американски официјални лица планираат интензивирање на борбата со коронавирусот, со оглед дека има докази дека вирусот ќе се јавува во циклуси.
Со недели, експерти за инфективни заболувања предупредуваат дека КОВИД-19 може повторно да земе на сила во септември и октомври, како што ќе има заладување на времето спроти зимските месеци.
Ваквата најава за закана од нов бран од вирусот е тема на највисоко ниво во американската армија.
„Сите дискутираме на оваа тема“, оцени американскиот генерал на воздухопловните сили Дејв Годфајн.
Виши армиски официјални лица потврдија дека и покрај рапидното ширење на вирусот, американските сили и натаму се подготвени за одбрана на нацијата и нејзините интереси.
Заклучно со вчера, повеќе од 56.000 активни и резервисти- војници се распоредени во помошта за најпогодените региони од пандемијата.
Но, од коронавирусот не е имуна ниту армијата на САД.
Клучни армиски воени вежби со партнерите во Африка, Азија и Европа се редуцирани, откажани или одложени поради пандемијата.
[[ https://twitter.com/jseldin/status/1239610725284413441?s=20 ]]
[[ https://www.voanews.com/science-health/coronavirus-outbreak/balikatan-2020-exercise-cancelled-over-coronavirus-concerns ]]
Американското воено присуство на места како Ирак и Сирија, каде американските војници соработуваат со локалните сили против војниците на Исламската држава, е намалено.
[[ https://twitter.com/jseldin/status/1240991662341570561?s=20 ]]
И додека американските команданти наведуваат дека воените сили на САД, генерално, се млади и здрави, сепак, и тие не се имуни.
Повеќе од 3500 активни припадници од американските сили се тестирани позитивни на КОВИД-19, според податоци на Пентагон. 85 се хоспитализирани, а двајца починале од коронавирус, вклучувајќи го и морнарот од американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS Theodore Roosevelt.
Кога на ваквите бројки ќе се вклучат и цивилните соработници на армијата со договор на дело, севкупната бројка од коронавирусот е над 5700 лица, со 25 починати.
Официјални лица од Пентагон веќе објавија дека презеле мерки за спречување со ширењето на пандемијата, со што над 970.000 активни и цивили вработени во Одделот за одбрана се префрлени да работат од дома, додека во сила е задолжителното носење маски на лице, социјално дистанцирање и континуирано чистење на работните места за оние кои што не можат да работат од дома.
Facebook Forum