Линкови за пристапност

САД повлекуваат борбени сили од Африка, испраќаат обучувачи


Менување на мисијата на Континетот

САД почнаа да го менуваат соодносот на воените сили во Африка, при што најавија дека враќаат дел од борбената бригада, а на нејзино место испраќаат специјализирани обучувачи.

Официјални лица на Пентагон го опишаа потегот како „прв од повеќето“ кој ќе се одрази врз начинот на кој дејствува американската армија на континентот, при што го менува фокусот од контратероризмот врз поголема армиска конкурентност на глобално ниво.

Во соопштение во средата, портпаролката на Пентагон Алиса Фарах рече дека ваквиот потег ќе им помогне на „САД да бидат поконкурентни со Кина и Русија во Африка“.

Фарах рече дека САД ќе почнат да враќаат некои борбени единици од 101-вата воздушна дивизија во следните недели.

На нивно место ќе се испраќаат припадници од бригадата за безбедносна поддршка ( СФАБ), кои ќе имаат улога на „обука, советување и поддршка на мисиите“.

Се очекува намалување на севкупната бројка на американски војници во Африка. Според Пентагон, во Африка во моментов има 6000 американски војници.

„Не заминуваме“, изјави генерал-мајорот Роџер Клотиер, командант на американските армиски сили во Африка и додаде дека и натаму САД ќе бидат ангажирани на Континентот.

Тој додаде дека САД се подготвуваат со 4000 војници да учествуваат во воената вежба “Африкански лав“ на крајот од март, кои што ќе им се приклучат околу 5000 африкански војници, но и од други сојузници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG