Една недела откако виш претставник од Одделот за домашна безбедност ја истакна влошената состојба со преполни и пролонгирани приведувања во прифатните центри долж границата со Тексас, нов извештај повика на фокусирање на вниманието за обвинувањата дека приведени деца на мигранти имаат лош третман во објектите во Аризона.
Ен-Би-Си јави дека снимиле сведоштва од речиси 30 деца чии приказни се документирани од менаџерите од Одделот за здравство и човечки ресурси, вклучувајќи и поплаки од децата кои стравувале дека може да ги налутат стражарите, ако побараат чиста облека.
Извештајот цитира случај на момче кон сведочел дека откако децата се пожалиле за вкусот на храната и водата, агентите од пограничната служба им се одмаздиле со тоа што им ги одзеле душеците за спиење и ги принудиле да спијат на бетон.
Минатата недела, внатрешна истрага од Одделот за домашна безбедност посочи дека треба да се преразгледа состојбата со преполните прифатни центри за возрасни и деца во Центрите ширум Тексас.
Извештајот покажа дека капацитетот во прифатните центри е зголемен за 124% во периодот меѓу октомври 2018-ма и мај 2019-та.
На фотографии биле прикажани мигранти како се задржани во различни соби, без простор за движење ниту пристап до тушеви.
Вршителот на должноста шеф на Одделот за домашна безбедност за Кевин Мекалиен рече дека извештаите за нехумани услови и недостиг од храна се неиздржани. Тој рече дека Одделот презема чекори за подобрување на условите.
Вишата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башет ги осуди условите со кои се соочуваат мигрантите во прифатните центри долж јужната граница на САД.
Facebook Forum