Линкови за пристапност

Сирија жестоко реагира на твитот на претседателот Трамп за Голанската висорамнина


Министерството за надворешни работи во Дамаск пренесе дека објавата на Трамп не го менува фактот дека Голанската висорамнина била и ќе остане арапска и сириска

Сириското министерство за надворешни работи објави дека објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го признаат суверенитетот на Голанската висорамнина е „неодговорно“.

Министерството за надворешни работи во Дамаск пренесе дека објавата на Трамп не го менува фактот дека Голанската висорамнина била и ќе остане арапска и сириска.

Објавата од САД го нарушува меѓународниот легитимитет и резолуциите во Советот за безбедност,м особено резолуцијата 497, истакнувајќи дека соопштението од Трамп е „закана по меѓународниот мир и стабилност“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја оцени објава на Трамп како на „раб на нова криза и нова напнатост“.

Ниту една земја, независно колку е важна, не може да носи ваква одлука“, истакна шефот на Арапската лига Ахмед Абдул Геит.

Претседателот Трамп се огласи преку Твитер дека Голанската висорамнина е од критична стратешка и безбедносна важност за Израел и регионалната стабилност“.

Соопштението на Трамп доаѓа во време државниот секретар Мајк Помпео е во Ерусалим, што стана највисок рангиран официјален претставник што го посетил Западниот ѕид во светиот град Ерусалим.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран за обид да лансира напади врз Израел од Голанската висорамнина и рече дека „тоа е дополнителна причина меѓународната заедница да му го овозможи правото на Израел да остане Голан и оти таа висорамнина ќе остане да биде дел од Израел“.

Израелскиот лидер ја поздрави објавата на Трамп.

„Претседателот Трамп само што направи историја“, изјави Нетанјаху. Порака од претседателот Трамп е дека САД стојат зад Израел и ние сме благодарни за американската поддршка“, истакна премиерот Нетанјаху.

Претходно, администрацијата на претседателот Трамп ја отфрли долгогодишната американска политика и ја префрли амбасадата од Тел Авив во Ерусалим откако го призна Ерусалим за главен град.

Помпео рече дека „Израелците и Палестинците живеат едни до други. Треба да им помогнеме тоа да го сфатат“.

Трамп се среќава со Нетанјаху во Вашингтон следната недела. Владата на Нетанјаху ја очекуваат тесни избори за реизбор на 9-ти април, во време кога премиерот се соочува со обвинувања за корупција, измами и финансиски малверзации. Нетанјаху го оцени случајот против него како политички „лов на вештерки“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG