Линкови за пристапност

САД остануваат посветени за деблокада на евроинтеграциите на Северна Македонија


САД најавија ангажман за деблокада на евроинтеграциите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

САД најавија ангажман за деблокада на евроинтеграциите

Вицепремиерот Димитров, кој е најповикан во делот на евроинтеграциите, порача дека клучно за надминување на отворените прашања и подобрување на добрососедството е взаемната почит.

Потврдата на заложбите на Вашингтон дојде од амбасадорката Кејт Брнз која денеска на новинарски прашања ја дообјаснуваше изјавата на новиот заменик помошник државен секретар дека постојат и други начини да се надмине проблемот без да се блокира европската интеграција на земјата.

„Би рекла дека заменикот-помошник Државен секретар, Габриел Ескобар, ја повтори американската политика за долгорочна вредност. Ние ја гледаме македонската иднина во ЕУ и ја потврдуваме важноста на разрешување на прашањето и се надеваме дека процесот ќе продолжи до крајот на годината. Продолжуваме со разговор со сите партнери, имаме разговор со владата овде во Скопје, разговори со соседните земји и низ цела Европа за да направиме се што можеме за да го поддржиме процесот да се придвижува напред. САД ќе се вклучи во ова прашање и во разговорите зашто сите ја делиме истата визија, Северна Македонија да го заземе заслуженото место во ЕУ и се надеваме дека тоа ќе биде бргу.“, Кејт Брнз, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров, кој е најповикан во делот на евроинтеграциите, порача дека клучно за надминување на отворените прашања и подобрување на добрососедството е взаемната почит. Димитров се реферираше на договорот што Скопје и Софија го потпишаа во 2017-та.

„Тоа што договорот го вели е дека политиката и владите се бават со тоа што е денес и утре, а историчарите со тоа што било. Големиот проблем за напредок за сите теми а оваа атмосфера на уцена..Како што вели поговорката - со сила нема убавина, за вистинска блискост и напредок не може да се збори ако остане оваа атмосфера на уцена. Ние доживеавме две вета, доживеавме проблематизирање на нашиот македонски јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија вистинскиот искрен дијалог многу тежок. Тоа е главниот проблем во овој момент. Ние ќе настојуваме тој проблем да го решиме.“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.

Денеска стигна заедничка реакција од Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите по најавите на премиерот за можно бришење на „бугарски“ од формулацијата „бугарски фашистички окупатор“. „За да не дојде до погрешно учење на историјата потребно е дообјаснување кое ќе ги задоволи сите засегнати страни кои се погодени со историските случувања. Тоа значи наместо бришење на „бугарски“ да се додадат термините `тогашен` и `власт` и секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор, би се именувале како `тогашните бугарски фашистички окупаторски власти`, се наведува во реакцијата на Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG