Со потпишувањето на овој документ земјата се приклучи на низата европски држави кои имаат склучено вакви спогодби со Вашингтон со кои им се оневозожува на непроверени и небезбедни произведувачи да продаваат и инсталираат чувствителна комуникациска опрема која може да биде искористена за неовластено собирање податоци за граѓаните.
Овој меморандум е од витално значење за економски раст и за безбедноста. С. Македонија и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежниЗоран Заев, премиер
„Имаме обврска да ги усогласиме домашнитеполитики за развој на телекомуниакциите со политките на ЕУ како и за усогласување на безбедносите аспекти на имплементацијата на 5Г мрежата со нашиот стратешки сојузник – САД. Овој меморандум е од витално значење за економски раст и за безбедноста. С. Македонија и САД ја нагласуваат важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5Г пазарите.“, оцени македонскиот премиер Зоран Заев.
Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси корпорации како „Хуавеј“ и „ЗТЕ“.
Оваа 5Г декларација се однесува на тие ризици земајќи во предвид дека безбедни, „чисти“ мрежи ќе бидат клучни за националната безбедност, економскиот просперитет и стабилноста на регионот.Кит Крач, потсекретар на САД
„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители. Оваа 5Г декларација се однесува на тие ризици земајќи во предвид дека безбедни, „чисти“ мрежи ќе бидат клучни за националната безбедност, економскиот просперитет и стабилноста на регионот. „Чистата мрежа“ е сложен пристап за справување со долгорочните закани за приватност на податоците, безбедност, соработка и човековите права наспроти намерите на кинеската комунистичка партија.“, изјави Кит Крач, државен потсекретар на САД за економски раст, енергија и животна средина.
Кинески „Хуавеј“ досега беше силно застапен во телекомуникацискиот бизнис во земјава и најсилен играч за инсталирање на идната 5Г мрежа. Од пред неколку години оваа компанија е цел на американските институции поради сериозни сомневања дека нејзината технологија им овозможува непречен и неовластен пристап на властите во Пекинг до податоците на граѓаните во која било земја каде „Хуавеј“ е присутен.
Facebook Forum