Линкови за пристапност

Судијата Кавана се заложи дека ќе биде правичен


Претседателот Трамп се извини за непријатноста за време на процесот на неговото потврдување на функцијата во Сенатот

Најновиот член на Врховниот суд на САД Брет Кавана по мачниот процес за неговото потврдување во Сенатот, што длабоко ја подели нацијата, се заложи дека ќе го разгледа секој случај со респект и отвореност.

Кавана зборуваше во Белата куќа за намерите на церемонијата со положување заклетва во Белата куќа.

„Секој Американец треба да биде убеден дека ќе бидам независен и објективен судија, посветен на еднаквост во правдата според законот“, рече Кавана.

Аналитичарите предвидуваат дека Кавана најверојатно ќе има поконзервативна интерпретација на законот, со што ќе им овозможи солидна идеолошка предност во Судот на десната струја.

Пред церемонијата на заклетва, претседателот Трамп му се извини на Кавана и неговото семејство, алудирајќи на периодот во Сенатот кога беше обвинет дека имал сексуален испад врз тинејџерка додека бил во средно училиште.

„Од името на нацијата, сакам да му се извинам на Брет и целото семејство Кавана за ужасната болка и страдање на кое беше подложен. И покрај несразмерните обвинувања, се докажа дека сте невин“, му рече Трамп на Кавана.

Судијата Канава беше потврден на функцијата со 50-48 гласа во Сенатот. Има доживотна функција во највисоката судска истанца во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG