Линкови за пристапност

Нетанјаху и Ганц во Белата куќа за мировниот план на Трамп


Israel Trump
Israel Trump

Двајцата на одделни средби во Белата куќа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот армиски шеф Бени Ганц, неговиот предизвикувач на предвремените избори на почетокот од март имаат одделни средби во Белата куќа, при што се очекува претседателот Трамп да сподели повеќе детали за неговиот долгоочекуван план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

„За време на изминатите три години остварив безбројни разговори со претседателот Трамп, кој е голем пријател на Израел. Со неговиот тим разговаравме за круцијални интереси, за безбедноста, правдата. Се среќавам со Трамп и во вторник ќе направиме историја“, изјави Нетанјаху.

Ганц очекува, како што, ја нарече мошне важна посета.

„Планот треба да ги земе в предвид безбедноста на Израел и регионалните стратегии, и стабилизација на крајот од патот“, изјави поранешниот армиски шеф на Израел.

Палестинското министерство за надворешни работи објави дека ниту еден Палестинец нема да го поддржи планот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG