Денеска Сенатот ќе го мине денов во покренувања прашања за теми поврзани со импичментот на претседателот Трамп, откако изминатите шест дена групата законодавци од Претставничкиот дом ги изложија аргументите за да биде обвинет, а неговите адвокати презентираа дека не сторил ништо погрешно.
Сенатските републиканци и демократи ќе ги достават писмено своите прашања кои што ќе ги прочита главниот судија Џон Робертс. Прашањата ќе бидат препратени или кај членовите од Претставничкиот дом и кај адвокатскиот тим на Трамп. Нема дефинирана временска рамка до кога треба да бидат одговорени.
Процесот продолжува и утре - и нејасно е дали ќе се гласа за овозможување сведоци да се сведочат во Сенатот.
Лидерот на мнозинските републиканци Мич Меконел им рекол на колегите - Републиканци дека нема доволно поддршка меѓу републиканското мнозинство да ги запре Демократите да повикуваат сведоци.
Facebook Forum