Линкови за пристапност

Нетанјаху на средби со Клинтон, Конгресот


Главна тема на посетата иранската нуклеарна програма.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху ја завршува посетата на Вашингтон на која доминираше контроверзната нуклеарна програма на Иран со денешните средби со американските законодавци и државната секретарка Хилари Клинтон.

На средбата во Белата куќа понеделникот, претседателот Барак Обама го повика израелскиот премиер да почека санкциите на ОН против иранските нуклеарни амбиции да дадат резултат. Но, Нетанјаху потенцираше дека Израел има право на самоодбрана преку армиска акција против Иран. Подоцна, во говор пред Американско-израелскиот комитет за јавни прашања (АИПАЦ), Нетанјаху кажа дека е за уште построги санкции, но дека иранската нуклеарна програма продолжила да напредува.

Официјален Техеран негира дека се обидува да дојде до нуклеарно оружје и тврди дека програмата е исклучиво за мирнодопски потреби.

Обама вчера кажа дека и натаму постои можност за решавање на спорот по дипломатски пат - исход што, како што потенцираше, и тој, и Нетанјаху го претпочитаат. Па сепак, Обама го повтори ставот дека меѓу опциите што се на масата е и военото решение.

Нетанјаху изрази почит за сојузништвото на САД и истакна дека обете земји имат заеднички непријател во Иран.

XS
SM
MD
LG