Линкови за пристапност

Исламската држава користи жени и деца како „жив штит“ во последниот бастион


Syrian Kurdish journalists killed in line of duty during fight against ISIS

Зборувајќи од Белата куќа денеска претседателот Доналд Трамп изјави – „Имаме големи најави за Сирија и за нашиот успех за уништување на калифатот и тоа ќе го соопштиме во следните 24 часа“.

Борците и семејствата од Исламската држава го држат последниот бастион во близина на реката Еуфрат во Сирија, користејќи жени, деца и евентуално заложници како жив штит во напорите да го одложат и последниот пораз.

Набљудувачите за заштита на човекови права и официјални лица од Сириските демократски сили поддржани од САД соопштија дека припадници од Исламската држава се истисната од сириското село Багхуз и сега живеат во шатори на еден квадратен километар.

Зборувајќи од Белата куќа денеска претседателот Доналд Трамп изјави – „Имаме големи најави за Сирија и за нашиот успех за уништување на калифатот и тоа ќе го соопштиме во следните 24 часа“.

Во Минхен, на безбедносната конференција виши одбранбени лица од САД изразија претпазливост.

„Уништивме над 99% од територијата, што едновремено беше дел од калифатот“, потврди вршителот на должноста секретар за одбрана, Пет Шанахан по средбата со германскиот министер за одбрана.

Коалиционите сили ги опишаа напорите на Сириските демократски сили околу Багхуз како „операции за чистење“ при што борците од ИСИЛ ги застрелувале жените и децата зад себе кога бегале.

„Тоа се акти на варварство и очај“, истакна британскиот генерал Кристофер Гика.

„Крајот на физичките границите на Калифатот се надгледува“, додаде тој.

Набљудувачите од Сириската опсерваторија со седиште во Лондон објавија дека 240 борци на Исламската држава сами се предале, но коалиционите сили и командант од Сириската опозиција не ги потврдија тврдењата за Гласот на Америка.

Коалиционите сили евакуирале околу 700 луѓе, претежно мажи и жени, од бегалските кампови недалеку од Багхуз.

Сепак, околу 300 тврдокорни борци од Исламската држава, повеќето од нив странци, и натаму се на позициите, изразувајќи дека ќе се борат до последниот куршум.

Дури и кога ќе биде освоена и последната територија на ИСИЛ, САД и официјални коалициони сили предупредија дека битките нема да завршат.

Американски официјални лица предупредија дека терористичката група се` уште брои 20.000 до 30.000 следбеници, вклучувајќи и борци, коишто се распоредени ширум Сирија и Ирак. И, тие се загрижени за способноста на нивните сириски партнери, да ги држат борците на Исламската држава под контрола со оглед на плановите за повлекување од претседателот Трамп.

Командантот на американските сили на Блискиот исток, Џозеф Вотел, изрази несогласување со одлуката на Трамп да ги враќа дома американските сили.

„Јас не би дал таква сугестија со оглед дека калифатот и натаму има лидери, борци, свои ресурси“, изјави генералот.

Во меѓувреме, официјални лица од САД се во разговори со други членови од коалицијата за зголемување на помошта во време кога САД се подготвуваат да заминат. Но, засега коалиционите сили многумина од кои веќе имаат распоредени сили во Сирија, не се расположени да преземат конкретни заложби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG