Линкови за пристапност

Револуционерната гарда на Иран – на листата на САД за терористички организации


„Примарна цел на Револуционерната гарда е координирање и имплементирање на глобална терористичка кампања“ се вели во соопштението од Трамп.

За прв пат, САД окарактеризираа дел од друга влада како терористичка организација - Иранската револуционерна гарда, која е најмоќна безбедносна служба на Иран.

„Ова е чекор кој досега не е преземен, предводен од Стејт департментот, се воочува реалноста дека Иран не е само држава-спонзор на тероризмот, туку дека Револуционеркана гарда активно учествува во финансиите и го промовира тероризмот како алатка за управување“, изјави претседателот Трамп. „Примарна цел на Револуционерната гарда е координирање и имплементирање на глобална терористичка кампања“ се вели во соопштението од Трамп.

Неколку минути по соопштението од Белата куќа, државниот секретар Мајк Помпео од Стејт департманот елаборираше дека оваа безбедноста служба на режимот во Иран, „организира кампања на тероризам ширум светот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG