Линкови за пристапност

Генералот Мекензи: ИСИС и Ал-Каида да немаат можност од Авганистан да планираат напади против Западот


Осврнувајќи се кон Авганистан, овој виш американски генерал рече дека Талибан не се придржува до договореното.

Генералот на американската Централна команда, Кенет „Френк“ Мекензи во 30-минутно ексклузивно интервју за дописничката на Гласот на Америка од Пентагон се осврна на состојбата во неколку кризни жаришта во светот и предизвиците на американската армија.

Тој оцени дека САД може да ја завршат работата во Ирак со помалку сили, согласно армиската посветеност. Најави дека намалувањето на бројката на американски војници ќе биде во консултација со Ирак и со сојузниците. Генералот Мекензи ја поздрави владата во Багдад дека „работи агресивно ѝ е од голема поддршка во обидите за намалување на нападите врз базите каде се стационирани американски војници“.

Генералот Мекензи во Сирија
Генералот Мекензи во Сирија

Осврнувајќи се кон Авганистан, овој виш американски генерал рече дека Талибан не се придржува до договореното, откако Пентагон објави дека САД ги почитуваат преземените заложби. “Додека Талибан не врши напади врз американски сили, тој рече дека „насилството врз Авганистанците е зголемено, што понекогаш е на нивото во периодот кога во земјата имаше војна“. Генералот Мекензи рече дека најголем предизвик останува да се „осигура дека ИСИС и Ал-Каида нема да имаат можност да најдат прибежиште во Авганистан и оттаму да планираат напади против Западот“.

Запрашан за шпекулативните извештаи дека Русите ги вооружуваат Талибан да вршат напади врз американски цели, генералот рече дека е загрижувачки, но засега не се потврдени такви наводи. „Непријатно ми е дури да размислувам за такво нешто, иако, ние знаеме дека Русија не ни е пријател“, истакна овој виш американски генерал во интервјуто за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG