Линкови за пристапност

Смени во врвот на разузнавачката заедница во САД


Пред помалку од еден час, Трамп преку Твитер потврди дека Џозеф Мекгвајр ќе биде вршител на должноста

Американскиот претседател Доналд Трамп го проветрува врвот со смена на две главни официјални лица од националното разузнавање.

Тој ја прифати оставката од заменикот – директорката на националното разузнавање Сју Гордон, помалку од две недели откако и директорот на Агенцијата Ден Коатс најави дека заминува од функцијата.

„Сју Гордон е голем професионалец со долга и истакната кариера, изјави претседателот Твитер, додаде дека има „голема почит кај неа“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1159590032514134016?s=20

Пред помалку од еден час, Трамп преку Твитер потврди дека Џозеф Мекгвајр, поранешен адмирал кој служеше како директор на националниот Центар за контратероризам, ќе ја извршува функцијата вршител на должноста на 15-ти август, кога оставките на Коатс и Гордон ќе бидат во сила.

https://www.voanews.com/usa/us-politics/us-spy-chief-dan-coats-resign

Трамп поттикна шпекулации дека Гордон, 30-годишна ветеранка од разузнавачката заедница има намера да ја напушти функцијата, кога преку Твитер, објави дека планира да назначи вршител на должноста, по оставката на Коатс минатиот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG