Линкови за пристапност

Имиграција во САД: казни за лица со „зелена карта“ ако користат помош од државата


Новините од американската администрација

Администрацијата на Трамп денеска најави нова политика која ќе се одрази врз имигрантите кои веќе се наоѓаат во САД да добијат постојан престој или државјанство, ако користат федерални бенефиции, како здравствена заштита Медикеид, купони за храна, или финансиска помош за домување.

Кен Кучинели, вршител на должноста директор на службата за американско државјанство и имиграциони сервиси, го најави новиот пропис "Inadmissibility on Public Charge Grounds" на прес-конференција во Белата куќа. Тој повлече дека новата политика ќе охрабри „себе-преиспитување“ на оние кои бараат да останат трајно во САД.

Новата мерка стапува во сила на 15-ти октомври.

Според неа, ќе се смета дека се користи федерална помош за еден ден по 12 месеци во 36 месечен период.

Кучинели рече дека американската влада сака да избегне ситуации каде луѓето го адаптираат статусот и да стануваат зависни од користењето на државната помош во иднина.

Вршителот на должноста на службата за американско државјанство и имиграциони сервиси истакна дека мерката исклучува хуманитарни имиграциони програми за бегалци и баратели на азил, а исклучени ќе бидат и жртвите на трговија со луѓе и домашно насилство.

Групите за заштита на имиграционите прашања веќе протестираа против новата мерка. Њујоршката коалиција за имиграција, група која ја сочинуваат повеќе од 200 организации, ја нарече новата мерка, „ксенофобична и класна“ и најави дека ќе се бори за нeјзино поништување.

https://twitter.com/thenyic/status/1160922538765115392

Жителите со перманентен статус или натурализираните Американци можеби ќе стравуваат да аплицираат за користење на федерални бенефиции, мислејќи дека тоа може да се одрази врз можноста да останат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG