Линкови за пристапност

Американците потрошиле рекордни 850 милијарди долари за празниците


Повеќе од 850 милијарди долари промет бил направен во екот на празничната сезона во САД, покажува ново истражување за однесувањето на американските потрошувачи. Тоа е за пет проценти поголема потрошувачка во однос на претходните години.

Бројките се однесуваат на периодот од 1 ноември до 24 декември, којшто важи за еден од најпопуларните кај жителите на САД, кога станува збор за купување. Се работи за извештајот Спендинг пулс на „Мастеркард“.

Според анализата, забележан е рекорден подем и на онлајн-продажбите, коишто пораснале за 19 проценти. Тоа ја прави 2018 да биде најдобра празнична потрошувачка сезона во изминатите шест години.

Од Амазон, гигантот за онлајн продажба, исто така велат дека годинава во празничниот период била постигната рекордна продажба.

XS
SM
MD
LG