Линкови за пристапност

Трамп се огради од контроверзниот милијардер Епстајн


Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, изјави дека Акоста мора да се повлече, зашто е поврзан со непримерниот договор со Џефри Епстајн. Таа рече дека Трамп мора да знае за улогата на Акоста во случајот Епстајн кога бил „назначен во Кабинетот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп едновремено го нарече милијардерот и сексуален престапник Џефри Епстајн “извонреден човек“, но Белата куќа објави дека Трамп не се сеќава дека се сретнал или разговарал со него во последните 10 до 15 години.

Советничката во Белата куќа Келиејн Конвеј најави дека разговарала за новите обвиненија против милијардерот со Трамп, и претседателот “како и сите други, на обвиненијата гледа како целосно неприфатливи, и очигледно криминални“.

„Во 2002-ра, неколку години пред да влезе во политика, тогашниот магнат со недвижнини, Трамп во интервју, рекол: „Го знам Џеф со години. Одличен човек. Исто како и мене сака убави, помлади жени“.

Првите јавни коментари на Трамп за случајот Епстајн, доаѓаат во време на растечко барање од законодавците, вклучувајќи ги и опозиционите демократи, но и некои републикански колеги на Трамп, за оставка на Александер Акоста, секретар за труд во актуелната администрација за неговата улога во случајот Епстајн. Белата куќа ги отфрли барањата за негова смена.

Акоста, кој беше главен јавен обвинител во јужна Флорида пред повеќе од една деценија, преговараше за условна казна со Епстајн за слични обвинувања за сексуална трговија и отслужел 13 месеци во цивилна работа во општината, а половина од казната бил пуштен да работи од дома, иако против него не била завршена истрагата. Најновите обвинителни акти против 66-годишниот Епстајн од федералните обвинители од Њујорк го товарат за злоупотреба на малолетни девојчиња во периодот меѓу 2002 до 2005-та, и ако биле прогласен за виновен, може да добие со 45 годишна затворска казна.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, изјави дека Акоста мора да се повлече, зашто е поврзан со непримерниот договор со Џефри Епстајн. Таа рече дека Трамп мора да знае за улогата на Акоста во случајот Епстајн кога бил „назначен во Кабинетот“.

Денеска, и лидерот на сенатските демократи Чак Шумер повика на оставка на Акоста. Дури и сенаторот Тед Круз, гласен републикански поддржувач на претседателот Трамп, рече дека се согласува дека мора Акоста да се повлече, окарактеризирајќи го однесувањето на Епстајн како неприфатливо и секој „кој сторил вакво дело треба да се жестоко да биде гонет“.

Во понеделничкото обвинение, Џефри Берман, федерален обвинител во Њујорк, го обвини Епстајн дека наводно плаќал стотици илјади долари за голи масажи кои поттикнувале сексуални чувства во неговиот апартман во Њујорк и на Палм Бич, Флорида.

Епстајн е познат финансиер чии пријатели се познати како претседателот Бил Клинтон и британскиот принц Ендрју.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG