Линкови за пристапност

САД: Изборите на 15-ти октомври – важни за Македонија


Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници, се вели во соопштението од Aмбасадата на САД во Скопје.

Претстојните локални избори на 15-ти октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции, се вели во соопштението од американската амбасада во Скопје.

„Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото“, се вели во соопштението.

Од американската амбасада ги охрабруваат граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи. „Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен“, се вели во соопштението на американската амбасада.

„Веруваме дека изборите се клучен дел од секоја демократија и ги поддржуваме напорите со кои граѓаните се охрабруваат да гласаат“, се додава во соопштението по повод гласањето на 15-ти октомври.

Амбасадата на САД во Македонија активно ќе учествува во набљудувањето на изборите, заедно со другите меѓународни и локални набљудувачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG