Линкови за пристапност

Примарни гласања: Охајо ги одложи, ќе се гласа во Флорида, Илиноис и Аризона


Заклучно со денес, поранешниот потпретседател Џо Бајден води врз сенаторот од Вермонт Берни Сандерс со 898 спрема 747 делегати.

Гласачите во три сојузни држави гласаат на примарни избори за избор на демократската номинација за претседателските избори и покрај стравувањата дека ширењето на коронавирусот може да принуди една од нив да го одложат гласањето.

Заклучно со денес, поранешниот потпретседател Џо Бајден води врз сенаторот од Вермонт Берни Сандерс со 898 спрема 747 делегати.

Флорида со 219 делегати во залог, е една од сојузните држави, чии власти уверуваат дека гласањето ќе биде безбедно.

„Нема потреба од паника“, изјави гувернерот на Флорида Рон Де Сантис и додаде дека повеќето граѓани ќе бидат на гласачките места само по неколку минути.

Здравствени власти во Флорида јавија за 142 случаи на коронавирус. Но, во Охајо, каде во залог се 136 делегати и потврдени се 50 случаи на коронавирус, лидерите ги поддржаа гласачите да бараат судска одлука да се одложи гласањето поради коронавирусот.

Во Илиноис, битката се води за освојување на 155 делегати, изборните лица објавија дека гласањето ќе се одвива според предвиденото и ќе се обезбедат сите неопходни мерки за безбедноста на гласачите и лицата кои работат во процесот на гласање.

Аризона има најмалку делегати – 67. Иако тамошните локални лидери изразија загриженост за состојбата со коронавирусот, сепак, сметаат дека гласањето е најдобра можност за луѓето да го искажат својот глас.

„Ако чекаме, потешко ќе биде, и поопасно станува“, предупреди државната секретарка на Аризона Кејти Хобс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG