Линкови за пристапност

Мнучин: На хоризонтот, нема рецесија


Секретарот за финансии изрази оптимизам за новите трговски преговори со Кина

Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин изјави дека не гледа закана од рецесија, иако неколку индикатори сигнализираат дека најголемата економија во светот – забавува.

Стапката на отворање нови работи места во САД забави на 130.000 во август, многу помалку од 223.000 во просек месечно во текот на 2018-та. Американската економија има растеж од 2% за периодот април – јуни, пад од нивото од 3, 1 процент во првите три месеци од годината.

Ваквите податоци, проследени со актуелниот трговски спор со Кина и Европа, ги подгреаја шпекулациите за економско забавување на САД. Но, Мнучин за Фокс Њус рече нема изгледи за рецесија.

Тој нагласи дека „треба да се земе в предвид генералното економско забавување во светската економија, особено во Кина и во Европа. Но, ако ја погледнете состојбата во САД, нема влијание врз домашната економија, рече Мнучин.

Додека претседателот Доналд Трамп и кинескиот колега Ју Џипинг се во жестока трговска војна со наметнување тарифи за трговски добра од двете страни, Мнучин рече дека има напредок во преговорите за постигнување трговски договор со Пекинг, кога двете страни ги продолжуваат трговските разговори следните недели во Вашингтон.

Но, и натаму има прашања за кои има спротивставени мислења. САД бараат промени во доменот на интелектуалната сопственост со цел да запре трендот на префрлање на американска технологија во кинески фирми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG